Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Навивачи на Баерн истепани од грчката полиција

Видео: Навивачи на Баерн истепани од грчката полиција

Навивачите на Баерн истепани од грчката полиција. Грчките полицајци се нафрлија со палки врз навивачите на Баерн на стадионот „Караискакис“ лоциран во предградието на Атина – Пиреја.

Баварците гостуваа во грчката престолнина каде го поразија локалниот гигант Олимпијакос 3:0 во натпревар од Лигата на Шампионите .

Најмалку еден Германец е однесен во болница, а причината за агресијата на грчката полиција сеуште се разјаснува.

– Веројатно навивачите на Баерн биле премногу бучни, а грчките полицајци – премногу нервозни, коментираат германски медиуми.