Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Митрополитот на црногорската црква удира жена

Видео: Митрополитот на црногорската црква удира жена

Митрополитот на непризната Црногорска православна црква, Михаило Дедеиќ, свето име Мираш, видно изнервиран, денеска крвнички удри постара жена во лицето.

Старата жена стоеше пред него, а Дедеиќ на поминување замавна со раката и со сета сила ја удри два пати во лицето. Инцидентот се случи во пресрет на јавната дебата за нацрт-законот за верска слобода, кој денеска треба да се одржи во Котор.