Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Фалуџа целосно ослободена од џихадистите

Видео: Фалуџа целосно ослободена од џихадистите

Ирачките сили ја осовоија последната област на Фалуџа која ја држеа борците на Исламската држава, а командантот на операцијата објави крај на борбата за стратешки важниот град. Премиерот Хајдер ал Абади прогласи победа над ИД во Фалуџа уште пред една недела, но борбите продолжија во градот, вклучувајќи го т.н. Голански кварт.

„Од градот од ова место објавиме дека централниот дел од Голснакиот кварт е исчистен, ослободен од терористите и да се пренесе на ирачкиот народ среќната вест дека битката за Фалуџа е завршена”, рече генерал Абдул Вахаб ал Мапа на националната телевизија.

Најмалку 1.800 милитанти се убиени во операцијата за преземање на Фалуџа, рече тој, а на ирачките сили во четири неделната офанзива им помогнаа експерти од САД.

Според проценките на ОН, во градот има евакуирани повеќе од 82.000 цивили, а повеќе од 25.000 се наоѓаат во бегство. На бегалците од Фалуџа им е забрането да влезат во Багдад, кој се наоѓа на само 60 километри. Голем број Ирачани веруваат дека овој град е центар на сунитскиот бунт и секој кој се наоѓа таму во моментот на нападот се гледа како поддржувач на исламската држава. Низ целата земја, раселени повеќе од 3,4 милиони луѓе.