Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКако на филм џихадисти нападнаа затвор на Филипините

Како на филм џихадисти нападнаа затвор на Филипините

Екстремистичката група Мауте како на холивудски акционен филм го нападна затворот Ланао дел Сур во градот Марави и притоа успеа да ослободи десетина свои членови кои претходно биле осудени за тероризам, а при тоа побегнале и уште 15 затвореници.

Нападот бил извршен од страна на тешко вооружени лица кои ги совладале затворските чувари. Групата Мауте е милитанта организација која се смета за подружница на Исламска држава на Филипините.