Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Бурата Хермин однесе два живота во САД и предизвика огромна штета

Видео: Бурата Хермин однесе два живота во САД и предизвика огромна штета

Тропската бура Хермин однесе два човечки живота додека „беснееше“ на југоистокот на САД, а најмногу се осети на брегот на Флорида. Бурата која не доби голем интезитет за да се претвори во силен ураган, сепак предизвика огромни материјални штети, а илјадници лица останаа без енергична енергија. Хермин повторно собра моќност додека се движеше на север, крај американското атлантско крајбрежје, заканувајќи се со поројни дождови и силни ветрови.

Според последните податоци, Хермин се наоѓа крај Северна Каролина, а во Њу Џерси гувернерот Крис Кристи прогласи состојба на итност во окрузите кои се на самиот брег. Се очекува ветерот од бурата да се засили на над 100 километри на час.

Хермин го погоди САД за време на националниот празник „Ден на трудот“ кога милиони лица посетуваат туристички локации, по плажите, хотелите и ресортите па откажаните аранжмани ќе предизвикаат големи економски загуби.