Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Американците не знаат зошто го слават 4-ти јули

Видео: Американците не знаат зошто го слават 4-ти јули

Четврти јули е голем празник за Америка. Сепак, голем дел од Американците не знаат ништо за Денот на независноста.
Овој празник се прославува по повод усвојувањето на декларацијата на независност донесена на 4 јули 1776 година, по што 13 американски колонии стануваат нова нација која не е повеќе дел од Британската империја.

Секако, во Америка е неработен ден, па Американците по тоа знаат дека всушност нешто слават. Марк Дајс објави ново видео во кое ги прашува случајните минувачи покрај плажа во Сан Диего дали знаат зошто го прославуваат празникот, од кого земјата прогласила независност, која година е потпишана независноста и слични прашања.

Одговорите се различни, но имаат една заедничка работа – непознавањето на сопствената историја.

HomeДЕНЕШНАСветВидео: Американците не знаат зошто го слават денот на независноста

Видео: Американците не знаат зошто го слават денот на независноста

Американскиот образовен систем сериозно потфрлил. Тоа го докажува и оваа анкета. На денот на независноста, Американците беа прашани дали знааат кога беше потпишана декларацијата на независност, против кого се бореле и зошто се слави овој ден.

Знаевме дека на Американците историјата и географијата им се слаба страна, но вакво непознавање на сопствената историја не очекувавме. Еве ги нивните одговори.