Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВест Хем го посакува Карлос Бака

Вест Хем го посакува Карлос Бака

Англискиот клуб Вест Хем понудил 20 милиони евра за трансфер на напаѓачот на Милан Карлос Бака, пренесуваат денес италијанските медиуми. Бака изразил желба за заминување од клубот, бидејќи бил незадоволен од резултатите и од играчкиот кадар, додека Вест Хем е подготвен да му ја плаќа сегашната плата од четири милиони евра по сезона.

Претседателот на лондонскиот клуб Давид Саливен изјави дека има желба да доведе врвен напаѓач во клубот, за кој е спремен да издвои сума од 25 милиони евра. Колумбискиот напаѓач минатото лето пристигна во Милан од редовите на Севиља за 30 милиони евра и постигна 20 погодоци на 42 натпревари.