Monday, May 6, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер купува во „Змаевото гнездо“?

Венгер купува во „Змаевото гнездо“?

Еден од најдобрите фудбалери на Порто е на „мета“ на Арсенал, пренесуваат португалските медиуми. Според овие извори, нова трансфер на цел на „Топџиите“ е Јачин Браими. После неуспешниото обид да го доведе Ријад Марез од Лестер, Арсен Венгер ќе се обиде да го ангажира неговиот сонародник.

„Змаевите“ се наводно расположени да преговараат за продажба на својот ас, но како што пренесуваат овие извори „Професорот“ ќе мора да издвои сериозна сума на пари доколку сака да го доведе овој фудбалер во своите редови. За трансфер на Браими Порто ќе бара 46 милиони евра.

Инаку, 26-годишниот Алжирец од Париз во 2014 година премина во редовите на португалскиот тим од Гранада, а пред тоа играше за Рен и Клермон. Природна позиција на Браими му е крило, но по потреба може да биде користен и како класична „десетка“.

1244840_640