Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВелосипедска тура „Тур де Галичица” – заедничка порака за заштита на природните вредности на овој исклучително важен регион

Велосипедска тура „Тур де Галичица” – заедничка порака за заштита на природните вредности на овој исклучително важен регион

Во организација на велосипедско-планинарскиот клуб Преспа Бајк денеска почнува велосипедската тура „Тур де Галичица“. Се очекува на велосипедската тура, кој се одржува втора година, да учествуваат околу 350 велосипедисти од целата земја. Патеката е долга 71 км од кои 35 км ќе се возат по земјен пат.
galicic
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да уживаат во прекрасните пејсажи на регионот, вклучувајќи ги и Националниот парк „Галичица“, Преспанското и Охридското Езеро. Оваа година турата се организира со поддршка на Општина Ресен и УНДП, кои заеднички го спроведуваат Проектот за заштита на Преспанското Езеро.

Почетокот на турата ќе го означат градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон. Учесниците на турата ќе испратат заедничка порака за заштита на природните вредности на овој исклучително важен регион, изразувајќи ја својата поддршка на сите иницијативи за негово зачувување и одржлив развој.