Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВелешани бараат помош за сираци чија куќа изгоре

Велешани бараат помош за сираци чија куќа изгоре

Велешени упатуваат апели на социјалните мрежи да им се помогне на сираците Никола и Даринка Александрови чија куќа изгоре пред три дена. Никола има 22 години и ја издржува својата малолетна сестра која е сместена во дом за сираци, па затоа граѓаните апелираат секој кој е во можност да им помогне за да може да го реновираат своето живеалиште кое целосно е изгорено. Полицијата изврши увид и треба да ги утврди причините за проширување на пожарот.