Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзгоре куќа во пожар во село Смилево

Изгоре куќа во пожар во село Смилево

Вчера околу 13 часот избувна пожар во куќа во село Смилево, Демирхисарско. Во пожарот изгоре горниот кат и покривната конструкција од домот на Илија Стамболиевски.

Постоела опасност силниот ветер пламенот да го префрли и врз соседните куќи, но за среќа не дошло до проширување на огнената стихија.

Благодарение на помошта на селаните и ПППБ од Демир Хисар, која интервенирала со едно противпожарно возило, пожарот е изгаснат а причините за истиот и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.

Денес ова семејство го посети градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, кој вети финансиска и материјална помош за настраданото семејство.