Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВелес: Избегал од затвор со автоматска пушка и се обидел да ограби менувачница

Велес: Избегал од затвор со автоматска пушка и се обидел да ограби менувачница

Маж на возраст од 36 години вчеравечер во околу 19:20 часот, наоружан со автоматска пушка, се обидел да ограби менувачница која се наоѓа на прометно место во центарот на Велес.

Ограбувачот влегол маскиран и побарал од вработениот да му ги даде парите, но тој не се согласил и избила тепачка. Иако злосторникот испукал неколку куршуми, во и надвор од објектот, за среќа тие не повредиле никого. Вработениот во менувачницата успеал да му ја земе рамката од автоматската пушка на напаѓачот кој се дал во бегство. Околните луѓе започнале да го бркаат и успеале да го соборат.


Во борбата на разбојникот му паднале ранецот и автоматската пушка. Тој се дал во бегство. Граѓани кои биле случајно пред менувачницата веднаш почнале да го бркаат разбојникот и по кратко време го фатиле и го совладале. Во близина имало и полциски службеници, кои не биле на должност, кои исто така помогнале при фаќање на сторителот. Тој е фатен, приведен во полициска станица каде е започната постапка на расветлување на настанот. Полицијата ќе  предложи изрекување мерка притвор за сторителот на овој немил настан, изјави портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска, пренесе ДУМА


Злосторникот избегал од затворот во Штип, во кој прележувал казна затвор за слично сторено кривично дело од пред една деценија во Скопје.