Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВардарската регата "Гемиџии" заплови од Велес

Вардарската регата "Гемиџии" заплови од Велес

Од Велес низ водите на Вардар утрово заплови 17-та односно 6-та возобновена Вардарска регата „Гемиџии“. Регатата се вози со 13 гумени сплавови и дрвената гемија, која втора година ќе плови по Вардар, а која е реплика на гемијата со која велешките трговци носеле стока по Вардар се до Солун.
regata1
Ангелче Гушев водач на регатата информира дека годинава има рекорден број со над сто учесници, како и гости од Србија и Бугарија со што Вардарската регата „Гемиџии“ има и меѓународен карактер. Себо Шаќиров од Здружението на граѓани „Гемиџии“ еден од искусните водачи на регатата информира дека претходно направиле увид во состојбата со реката Вардар и оти водостојот на водата е задоволителен за пловидба, но поради голем број на паднати стебла на дрвја реката крие бројни опасности поради што се превземаат сите мерки на безбедност на пловење.
regata2
– Реката има свои опасности. Знаете како вика народот со вода и со оган не се игра. Затоа сме будни. Во секој чамец ќе имаме по двајца кајакари и по еден спасител. Со учесниците пред поаѓање имавме едукативен час и им кажавме како треба да се однесуваат за време на пловидбаа, се поради нивната безбедност, потенцира Шаќиров. Регатата се вози во четири етапи, а последната е во недела во Гевгелија. Желба на учесниците на Вардарската регата е во скора иднина таа да плови низводно од Вардар се до Солун.