Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВан Гал: Руни мора да го заслужи своето место во тимот

Ван Гал: Руни мора да го заслужи своето место во тимот

Getty Images

Тренерот на Манчестер Јунајтед Луј Ван Гал вели дека Вејн Руни морада се покаже во натпреварот со Кристал Палас, доколку капитенот на „Црвените ѓаволи“ сака да се најде во првиот тим за натпреварот од полуфиналето на ФА купот против Евертон. Руни би требало да го започне натпреварот со Кристал Палас откако минатото коло играше во победата на Јунајтед против Астон Вила, прв пат после повредата на коленото поради која отсуствуваше два месеци.

„Зависи од тоа како е ќе игра, како и секој фудбалер. Вие претпоставувате дека тој ќе биде во првиот тим за натпреварот во сабота. Против Астон Вила одигра солидно во првото полувреме, во второто полувреме почувствува замор, но веќе има 60 минути во своите нозе“, изјави Луј Ван Гал. Руни оваа сезона постигна седум погодоци во Премиер лигата и имаше четири асистенции.