Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСкај спорт: Јунајтед го отпушти Ван Гал

Скај спорт: Јунајтед го отпушти Ван Гал

Холандскиот фудбалски тренер Луј Ван Гал е сменет на местото тренер во Манчестер Јунајтед, пренесува Скај Спорт. Ван Гал добил отказ после лошата сезона која ја остави зад себе, завршувајќи на петата позиција во Премиер лигата и освојувајќи го ФА купот, а како што шпекулираат англиските медиуми негов заменик би требало да биде португалскиот стратег Жосе Мурињо.

За време на својата кариера Ван Гал ги водеше клубовите на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, како и репрезентацијата на Холандија. Најголеми успеси оствари со Ајакс, со кој три пати беше шампион на Холандија, а покрај многоуброните домашни титули, ја освои и Лигата на шампионите.