Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУтринското сонце ќе го замени вечерно невреме

Утринското сонце ќе го замени вечерно невреме

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност барем во утринските часови. Попладне најпрвин од запад ќе се зголеми облачноста и ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните ќе бидат во интервал од  24 до 32 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има краткотрајни услови за појава за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 30° С.

УВ индексот ќе изнесува 6.

Во недела ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне, на повеќе места и до десетина степени.