Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУтре без струја повеќе делови на Скопје !

Утре без струја повеќе делови на Скопје !

Без електрична енергија утре од 8:15 до 9:45 часот ќе бидат дел од корисниците од населба Радишани, Блокара Орашец и улица Бутелска 27 број 12, во општина Бутел.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, без струја од 9:00 до 14:00 часот, ќе бидат и корисниците од селата Батинци, дел од месноста викана Љубош во општина Студеничани, како и корисниците од дел од улица Козле 1, пат за манастирот „Св. Пантелејмон“, во општина Карпош.

Од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“, „Вашингтонска“ и „Нов Живот“, во општина Шуто Оризари.