Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставниот суд го спасува ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори – ја укина забраната за нов барок

Уставниот суд го спасува ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори – ја укина забраната за нов барок

Се премислил петтиот уставен судија, со чиј глас Уставниот суд за влакно успеа да го запре преслекувањето во барок на ГТЦ, Македонската опера и балет и Националната универзитетска библиотека, но и градбата на стотина станбени згради, приватни хотели и други комерцијални објекти кои поранешната влада на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги прогласила за објекти од посебен интерес за државата, пренесува СДК.

Еднаш веќе донесената одлука за времена забрана за градежни активности на објектите од посебен интерес додека Уставниот суд не се изјасни за оспорениот член на законот е прегласана, и забраната е тргната.

Со тргањето на мораториумот за градба ќе се спасат милионските бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ за стотина локации низ цела Македонија, а партијата ќе има проекти кои лидерот Груевски ќе ги промовира за престојните локалните избори.