Monday, May 6, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмУште колку ќе треба да чекаме на следната сезона на „Game of thrones“?

Уште колку ќе треба да чекаме на следната сезона на „Game of thrones“?

Не надевајте се дека наскоро ќе можете да ја погледнете седмата сезона до популарната серија „Game of thrones“. Таа касни повеќе отколку што вие мислите. HBO потврди дека снимањето овие две години ќе започне нешто покасно во однос на претходните сезони, во главно затоа што во седмата сезона, со доаѓањето на зимото, ќе дојде и до големо заладување. Меѓутоа не е познато колку тоа ќе влијае на премиерата.

Сега знаеме, првата епизода од седмната сезоан сигурно нема да ја видиме пред летото 2017 година. „Сега кога зимата пристигна во „Game of thrones“ продуцентите Дејвид Бениоф и Д.Б.Вајс сметаат дека продукцијата треба да почне нешто покасно од вообичаеното. Наместо традиционалните премиери на пролет, ќе мораме да ја преместиме за лето, за да се совпадне распоредот со снимањето“, соопшти директорот на програмата HBO Кејси Блојс.

Тоа значи дека серијата можеби и нема да може да влезе во трката за Еми наградата во 2017 година бидејќи епизодите кои влегуваат како конкуренти за оваа награда мора да бидат емитувани пред 31 мај. Инако, оваа година серијата доби 23 номинации, најмногу од било која друга програма.