Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУште еден пријатен ден со сонце

Уште еден пријатен ден со сонце

Денес повторно ќе имаме мирно и стабилно време со доволно сонце во текот на денот кое може максимално да се искористи пред зимската сезона. Просекот на температурите во Македонија ќе се движи до 15 степени, а во одредени региони сонцето ќе биде и нешто посилно. Утрото започна со прилично ниски температури кои се движеа околу нулата, а навечер ќе биде доста студено со пад на температурите до 3 степени.