Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГевгеличани засега мирно се изјаснуваат на референдумот за златни рудници

Гевгеличани засега мирно се изјаснуваат на референдумот за златни рудници

Мирно се одвива референдумот Граѓаните Гевгелија досега на мирен начин без никакви инциденти и почитувајќи законските процеси се изјаснуваат на распишаниот референдум на кој се гласа дали треба или не да се изградат рудници со злато на планината Кожув.

„Референдумското изјаснување почна уште вчера кога гласаа затворениците, болните и старите и изнемоштени лица. Процесот се одвива беспрекорно без никакви проблеми. Во гласачкиот список се запишани 19.459 граѓани со право на глас кои треба да се изјаснат во текот на денот, најдоцна до 19 часот, изјавила Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија“.

Поп-Кочева дополнува дека за да биде успешен референдумот на гласање треба да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани во гласачкиот список и дека првичните резултати ќе бидат познати по 20 часот.