Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУПОЗ со црвен картон до министерството за правда

УПОЗ со црвен картон до министерството за правда

Судските административци, кои штрајкуваат веќе 21 ден, утре ќе маршираат од судовите до министерството за правда, каде уште еднаш ќе побараат средба со министерот. Ако и утре не бидат сослушани, синдикатот на состанок ќе одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошната радикализација на штрајкот, а ќе биде побарана и оставка од министерот за правда.

Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски вели решението е едноставно, но надлежните не сакаат да го решат нивниот проблем. Тој истакна и дека членовите на синдикатот се соочуваат со политички притисоци, но нема да подлегнат под нив. Од УПОЗ побарале и средба со техничкиот премиер, но се уште не добиле одговор, велат институциите не се подготвени за социјален дијалог. УПОЗ изрази жалење што се игнорирани од одредени медиуми, за како што вели да му се даде политичка конотација на синдикалниот штрајк.