Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУЈП најави присилна наплата на Радиодифузна такса

УЈП најави присилна наплата на Радиодифузна такса

Управата за јавни приходи претпразнично упати предупредување до граѓаните навреме да ги платат заостанатите долгови за задолжителната радиодифузна такса или во спротивно ќе превземе мерки за присилна наплата преку извршители со што ќе се соочите со многу повисоки трошоци.

Граѓаните и фирмите може да направат увид во својот долг во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнителна проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk

Исто така, граѓаните можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање на радиодифузната такса со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка. Доколку не платите на време се соочувате со можност да ви биде блокирана трансакциската сметка и да ви бидат сопрени пари.