Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаMинимална плата и за укинување на радиодифузната такса денеска пред пратениците

Mинимална плата и за укинување на радиодифузната такса денеска пред пратениците

Собранието денеска во 11 часот ќе ја продолжи 12. седница, на која како точки на дневен ред се законот за минимална плата, законот за стечајците и укинување на радиодифузната такса.

Освен тоа, на дневен ред ќе се најде и предлог за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија и предлог-закон за ратификација на Договорот од Париз.

Вчера Собранието отвори општ претрес по предлог-законот за употреба на јазиците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлог-законот е неуставен, дека тој произлегува од т.н. тиранска платформа и дека со него се воведува двојазичност на целата територија на државата.

Од парламентарното мнозинство сметаат дека предложениот закон нема да ја уништи туку ќе ја унапреди државата и дека тој произлегува од амандманот 5 на Уставот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата два часа порано поради партиските обврските на пратениците за поднесување кандидатски листи.