Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУбиецот на новинарската екипа се самоуби

Убиецот на новинарската екипа се самоуби

Вестер Фланеган е убиецот на новинарската екипа на ТВ мрежата CBS во живо за време на преносот на интервјуто со Вики Гарднер, локален функционер. Фланеган кој го користил името Брус Вилијамс бил поранешен репортер во истата локална станица WDBJ-TV во која работеле новинарката Алисон Паркер (24) и снимателот Адам Адам Вард (27). Вестер Фланеган со себе носел преносна камера и го снимил убиството на Паркер и Вард, а потоа побегнал.

Фланеган добил отказ и ја обвинил ТВ станицата дека е расистичка, а случајот бил решен надвор од судот со спогодба.

На последните објави на социјалните мрежи Фланеган упатува остри критики кон WDBJ-TV, како и лично на адреса на новинарката Гарднер на која ова и бил последен ден на работа пред да премине во друга ТВ станица.