Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУбиецот на Мартин Нешковски по втор пат пред СЈО

Убиецот на Мартин Нешковски по втор пат пред СЈО

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година по втор пат е на распит во Специјалното јавно обвинителство. Оттаму потврдуваат дека Спасов е на распит, кој до пред извесно време се уште траеше, но со оглед на тоа дека предистражната постапка се држи во тајност, од СЈО не соопштуваат детали.

За време на судскиот процес пак Спасов се бранеше дека не бил виновен додека во бомбите кои ги објави опозициската СДСМ неговите претпоставени го кажуваат спротивното. Опозицијата обвини дека функционери од власта на чело со Премиерот Груевски се обиделе да го прикријат случајот. Ваквите бомби предизвикаа големи демонстарации и незадоволство во јавноста за што интервенираше и полицијата.

Поранешниот припадник на специјалната единица „Тигри“ е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешковски.