Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУапсен газдата на „Фени индустрис“ за перење пари

Уапсен газдата на „Фени индустрис“ за перење пари

Милијардерот Бенјамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании на Балканот и за кого романските власти имаа распишано потерница, е уапсен во понеделникот во Тел Авив, Израел, за наводно перење пари.

Штајнмец е сопственик на компанијата „Кјунико Рисорсис“ која работи на производство на феро-никел и која е активна во Македонија и во Косово, односно е сопственик на „Фени Индустрис“ во Кавадарци.

Како што пренесуваат израелските медиуми Штајнмец, заедно со уште тројца бизнисмени бил приведен за испрашување поради потпишување на лажни договори преку кои се переле пари поврзани со копање руда во африканската држава Гвинеја.

Сите уапсени се товарат за корупција во која се инволвирани високи романски претставници, а во моментов им се суди во отсуство во Романија.