Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДиректори на НЛБ и екс-министер под истрага поради перење пари

Директори на НЛБ и екс-министер под истрага поради перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило истрага против поранешен и актуелен директор на „НЛБ Тутунска банка“, поранешен министер, адвокат, нотар и еден словенски државјанин, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари.

Како што соопштија денеска од Обвинителството, постојат сомнежи дека во периодот од 2006 до 2017 година „биле преземани дејства за основање фирми, за подигнување кредити и за пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање нови фирми и во купување недвижен имот во Битола“.

„За да утврди факти и да обезбеди докази, обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и за обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа“, стои во соопштението на Обвинителството.