Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција отстрани 24 градоначалници осомничени за тероризам

Турција отстрани 24 градоначалници осомничени за тероризам

Турската власт продолжува да се пресметува со сите домашни „непријатели“ и притоа ги погазува сите демократски начели присилно менувајќи 24 градоначалници осомничени дека им даваат поддрршка на курдските милитанти. На нивно место назначи нови лица кои ќе управуваат во 24 општини, повеќето во главно курдскиот југоисточен дел, соопшти денеска гувернерот на провинцијата Дијарбаккир.

Тој рече дека општините биле водени од локални соработници на про-курдската Демократска народна партија (ХДП) која да потсетиме е легална и може политички да настапува. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 8 септември изјави дека капмпањата против забранетата Курдска работничка партија (ПКК), вооружена група која Турција ја смета за терористичка организација, била најголема досега и отстранувањето на државните службеници е дел од тој напор.

Ердоган на ХДП гледа како продолжение на ПКК, но ХДП категорично ги отфрла таквите обвинувања. Курдите исто така не учествуваа во пучот на дел од турската армија.