Saturday, Jun 24, 2017
HomeДЕНЕШНАСветТурското обвинителство бара две доживотни казни затвор за Фетула Ѓулен

Турското обвинителство бара две доживотни казни затвор за Фетула Ѓулен

Fetula Gjulen 1

Турското државно обвинителство денеска побара две доживотни казни и дополнителни 1.900 години затвор за муслиманскиот верски лидер Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирање на неуспешниот воен удар во земјата, објавија турските државни медиуми.

Обвинението против Ѓулен, што е содржано на 2.527 страници, го издаде Обвинителството од регионот Усак, во западна Турција, пренесува БТА.

Во обвинението Ѓулен, меѓу другото, се обвинува за „обид за насилно соборување на уставниот поредок“, како и за „формирање и водење вооружена терористичка група“, објави турската агенција „Анадолија“.

Ѓулен, кој живее во доброволно прогонство во американската сојузна држава Пенсилванија, ги негира обвинувањата на турските власти.

МИА