Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Заман Македонија“ и „Јахја Кемал“ негираат поврзаност со Ѓулен

„Заман Македонија“ и „Јахја Кемал“ негираат поврзаност со Ѓулен

Весникот „Заман Македонија“ и образовната институција „Јахја Кемал“ се дел од правните лица и организации во Македонија за кои се сомнева дека турската влада врши притисок да бидат затворени поради наводна поврзаност со проповедникот Фетула Ѓулен, прогласен за терорист и главен конспиратор за извршување на воениот пуч кој беше неуспешен.

„Заман Македонија“ и „Јахја Кемал“ се загрижени од изјавите на македонските власти дека бараат начини како да ги исполнат барањата на пријателска Турција, особено по најавата на министерот за внатрешни работи Чавков.

„Ние сме домашна институција. Како и што реков „Заман Македонија“ е основана во 1994 година и неговите основачи се државјани на Македонија, вклучувајќи тука и вработени во весникот. Сите сме државјани на Македонија, така што не може да сме поврзани со Турција во никаков аспект“, вели Амет Османи уредникот на весникот за ТВ 21.

jahja_kemal

Сулрија Таук, портпаролот на колеџот „Јахја Кемал“ исто така негира било каква поврзаност на образовната установа со Турција.

„Работиме во Македонија. Ние сме бренд на Македонија. Јахја Кемал нема никаква институционална врска со Турција. Работиме согласно законите на Македонија. Тие закони ги практикуваме и досега не сме имале никаква жалба“, вели Таук за ТВ 21.