Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурските пучисти ќе бидат погребани на „Гробишта на предавниците“

Турските пучисти ќе бидат погребани на „Гробишта на предавниците“

Oпштина Истанбул ќе најде посебна парцела каде ќе бидат закопани „предавниците“, кои загинаа при обидот за преврат, пишува „Хуриет Дејли Њуз“.

Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш, изјави дека наредбата е поттикната од фактот, што на некои гробишта нема да биде дозволено во нив да бидат погребани заговорниците, кои го организираа пучот.

„Гробишта на предавниците“, е називот, со кој ќе биде наречено местото, каде ќе бидат положени посмртните останки на пучистите.

– Минувачите ќе ги проколнуваат погребаните на тоа место и тие нема да почиваат во мир во своите гробови – нагласи Топбаш.

Градоначалникот на Истанбул ја објави одлуката откако турската Управа за религиски прашања, Дијанет, реши дека за пучистите нема ер да организира погреби и молитви. Сепак, ќе биде направен исклучок за оние кои „биле присилени на превратот“.

Обидот за државен удар се случи во петокот спроти саботата со цел симнување од власт на претседателот, Реџеп Таип Ердоган.