Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТурската агенција Анадолија отвара редакција на македонски

Турската агенција Анадолија отвара редакција на македонски

Турската национална медиумска агенција Анадолија покрај досегашните известувачи од Македонија ќе отвори и цела редакција на македонски јазик со што ќе го збогати своето портфолиот за гледачите со 10 јазици.

На свеченото отворање ќе присуствуваат турскиот вицепремиер и Јалчин Акдоган и претседателот на извршниот одбор и генерален директор на Анадолија Шенол Казанџи. Редакцијата на Анадолија во Скопје, покрај на македонски, ќе објавува содржини и на албански јазик.