Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТуристичко бродче на соларна енергија заплови по Преспанско Езеро

Туристичко бродче на соларна енергија заплови по Преспанско Езеро

Општина Пустец денес презентираше соларно бродче кое заплови во водите на Преспанско Езеро. Истото ќе има функциоја да ги промовира туристичките вредности на општината.

Станува збор за проектот „Green Boat“ (Зелен брод) финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка. Ова бродче општина Пустец го доби во рамки на заедничкиот проект со општина Преспа, Грција. На инагурацијата присуствуваа градоначалникот Едмонд Темелко, префектот на Корча, Ардит Кономи и жители на општината.