Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЦигарите со ментол наскоро ќе бидат забранети

Цигарите со ментол наскоро ќе бидат забранети

Во согласност со новите закони за пушење, ментолот во цигарите ќе биде целосно исфрлен од пазарот до 20. мај 2020. година. „Цигарите со ментол ќе може да се најдат во продажба до 2020-та година, после тоа целосно ќе бидат забранети“, пишува во упатството на организацијата „Action on Smoking and Health“.

Според Дебора Анот од ова организација, ментол во цигарите им олеснува на луѓето да почнат со пушење, особено на децата. Ова е потврдено и од страна на истражување. Исто така, љубителите на ментол цигарите се повеќе се соочуваат со проблеми со дишењето, отколку луѓето кои пушат обични цигари.

Во Хрватска од утре стапува на сила новиот закон кој забранува да се продаваат цигарите со вкус на ментол.