Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогданци утре на референдум ќе одлучува за рудникот Казандол

Богданци утре на референдум ќе одлучува за рудникот Казандол

Жителите на општина Богданци утре ќе се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот за катоден бакар Казандол.

Како што пренесува „МКД“, право на глас имаат околу 7.000 лица запишани во Избирачкиот список, кои ќе гласаат на 12 избирачки места. Граѓаните ќе се изјаснат дали се за да се стопира или не изградбата на рудникот Казандол и за тоа дали би дозволиле експлоатација на каква било руда во иднина во границите на оваа општина.

Според законските одредби, за да биде рферендумот успешен треба да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи. Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.

На 18 јуни референдум ќе се одржи и во Дојран. И жителите на оваа општина ќе треба да одговорат на истите прашања.

Во општина Валандово се чека на одлуката на општината кога да се одржи референдум на идентичното прашање. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ веќе ги собра неопходните 2.213 потписи за одржување референдум.