Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЦената на струјата се намалува за 0,33%

Цената на струјата се намалува за 0,33%

Цената на електричната енергија се намалува за 0,33%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, иако претходно се очекуваше нејзино зголемување. Најновата одлука ќе важи веќе од утре. Во текот на вчерашниот ден, Регулаторната комисија за енергетика одржа подготвителна седница, на која се разгледуваа аргументите за покачување на цената на струјата.

Регулаторите детално ги разгледуваа извештаите поднесени од трите енергетски компании во земјава, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, кои се однесуваа на нивните трошоци. Минатата година цената на електричната енергија поскапе за 3,5%, а кумулативно во претходните години дури за 50%. Исто така, во 2012 година беше укината евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 15 часот во текот на работните денови, со што регулаторите во тој период ја поскапеа струјата за високи 130%.