Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТрговија со луѓе – американската амбасада со презентации низ Македонија

Трговија со луѓе – американската амбасада со презентации низ Македонија

Презентации за трговија со луѓе, организирани од американската амбасада ќе се одржат в 15 градови низ Македонија. Ќе траат до 13 овој месец, а целта е да се подигне свеста кај луѓето за оваа појава. Шест од презентациите ќе бидат бесплатни и отворени за јавноста.

Бесплатните презентации почнуваат утре на Факултетот за економија во Прилеп, а продолжуваат во Домот на културата во Битола, општините во Струга, Гостивар и во Тетово, а завршуваат на 13 април во Американското катче во Скопје.

Оваа активност на американската амбасада следува како резултат на објавата на претседателот на САД, Барак Обама, со која повика да ја признаеме нашата витална улога преку која можеме да им ставиме крај на сите форми на ропство.