Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп против своите – Путин е поголем лидер од Обама

Трамп против своите – Путин е поголем лидер од Обама

Доналд Трамп предизвика нови контроверзии откако на безбедносниот форум како дел од кампањата одговараше на прашања за плановите за надворешна политика. Тој шокираше со изјавите дека Владимир Путин е одличен лидер кој воспоставил силен систем во Русија, додека пак, Обама целосно потфрлил.

„Во систем каков што има Русија, Путин се покажа како одличен и неприкосновен лидер. За разлика од него Обама не може да се пофали дека е лидер, имаме поделена нација“, изјави Трамп.

Трамп смета дека ИСИС може да бидат поразени ако се направи коалиција со Русија чија помош би била добредојдена и ги критикуваше политиките на противкандидатката Хилари Клинтон. Таа исто така имаше свое излагање на форумот со главен фокус на скандалот со протечените мејл пораки на приватниот сервер кој го користела како службен.

Беше запрашана и за интервенцијата во Либија која помина многу лошо, а за Сирија вели дека нема да ангажира американски војници во директен судир со ИСИС туку и таа ќе создаде силни сојузници.