Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп: Ќе градиме ѕид со Мексико и тие ќе платат за него

Трамп: Ќе градиме ѕид со Мексико и тие ќе платат за него

Скандалозниот републиканец, Доналд Трамп повторно вети дека ќе изгради ѕид меѓу САД и Мексико, наведувајќи дека „Мексико ќе плати за тоа“. Тој по средбата со мексиканскиот претседател, Енрике Пења Нието во Мекиско Сити додаде дека ако биде избран, сите илегални имигранти ќе бидат допртирани од САД.

Во говорот во Феникс, Аризона, Трамп најави дека планира да воведе иделошки сертификат за имигрантите и укинување на издавањето визи на места каде што не може да се изврши контрола на луѓето. Тој рече дека имигрантите ќе мора да се вратат дома и повторно да аплицираат за влез во САД.

Трамп вети и нови сили за депортација кои ќе имаат задача да ги идентификуваат и да ги отстрануваат најопасните криминални илегални имигранти. Според него, секоја имиграција од земјите како Сирија и Либија ќе биде забранета во Соединетите Држави.

Тој исто така повтори дека веднаш откако ќе стане претседател ќе почне да работи на, како што рече, „голем и убав ѕид на јужната граница“ „Ќе изградиме голем ѕид по должината на јужната граница“, рече Трамп. Пред неговиот говор во Феникс, Трамп имаше средба со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието на кој, како што изјави, му рекол дека Мексико мора да плати за изградбата на ѕидот на границата.

На заедничката прес-конференција во Мексико Трамп рече дека не разговарале за тоа кој ќе плати за ѕидот, но во говорот во Аризона изјави дека сепак на тета а тет средбата му рекол на мексиканскиот претседаел дека тоа треба да го стори Мексико.

Веднаш потоа Пења Нието кој дотогаш молчеше за ова прашање на Твитер напиша: „Во почетокот на разговорот со Доналд Трамп јас јасно кажав дека Мексико нема да плати за ѕидот“. Пена Нието додаде дека побарал од Трамп да има поголем почит спрема мексиканскиот народ.