Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајанов поставен за национален координатор за намалување на ризици од несреќи

Трајанов поставен за национален координатор за намалување на ризици од несреќи

Владата синоќа го именуваше лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за национален координатор за намалување на ризици од катастрофи.

„На денешната седница за национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, владата го именува Павле Трајанов“, соопштија од Владата.

Демократскиот сојуз на последните локални избори, одражни на 15 октомври годинава, настапи во коалиција со владејачката СДСМ.

На парламентарните избори од 11 декември 2016 година, Демократскиот сојуз беше дел од Коалиција за промени и правда, составена од партиите ФРОДЕМ, МОРО-РП и ДЕМОС. Коалицијата тогаш освои 10.028 гласови и не успеа да добие пратеничко место.