Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТотенхем го победи Лестер во битката за фудбалер на Саутемптон

Тотенхем го победи Лестер во битката за фудбалер на Саутемптон

Како што пренесуваат англиските медиуми, Тотенхем го победил Лестер во борба за фудбалер на Саутемптон и наскоро ќе може да официјализира нов трансфер. Тотенхем наредната сезона ќе има многу тешка задача, бидејќи ќе игра и во Лигата на шампионите, па добрата пополнетост на сите позиции им е повеќе од неопходна. Токму поради тоа во својот тим сакат да го доведат Виктор Ванијама, фудбалерот на Саутемптон.

Лестер Сити исто така го посакува овој фудбалер, но англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем веќе победил во оваа трка и дека наскоро ќе потпише договор со Кениецот. Се верува дека Тотенхем ќе го обезбеди овој трансфер за сума од околу 11 милиони евра. Секако, не треба да се заборави и фактот дека Виктор Ванјама соработуваше и со Маурисио Покетино и фактот дека Аргентинецот е добро запознат со квалитетот на 24-годишниот фудбалер за врска.