Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеТортијада во Скопје за многу забава и хумани акции

Тортијада во Скопје за многу забава и хумани акции

Денес започнува интернационалната тортијада „Интерскопјекејкс 2015“ која од 10 до 16 часот ќе се одржува во Веро центар. Оваа година ќе учествуваат голем број на слаткари аматери и професионалци од повеќе земји, а настанот ќе има и хуманитарен карактер за подршка на децата со церебрална парализа.

За присутните ќе има голема забава со богата музичка програма за деца и возрасни. Учесниците ќе креираат слатки десерти, ќе декорираат торти и ќе се борат за неколку награди. Настанот го организираат „Ангелчиња“ и Град Скопје.