Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТој беше мета на Јунајтед, а заврши во Виго!

Тој беше мета на Јунајтед, а заврши во Виго!

Се сеќаваме дека минатото лето Манчестер Јунајтед беше во контакт со голем број на фудбалери со офанзивни карактеристики.

На крајот, на “Олд Трафорд” пристигнаа само фудбалерите Ибрахимовиќ и Михтаријан, а се откажа од идејата да го доведе младиот мексиканец Ирвинг Лозано.

Овој 21-годишен фудбалер игра за Пачука од Мексико и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Тој одигра речиси 150 официјални натпревари за Пачука, постигнувајќи 43 гола, додека во 13 настапи за репрезентацијата на Мексико постигна еден гол.

Сега тој ќе се пресели во редовите на Селта Виго. За кого Селта ќе плати 14 милиони евра за 80% од неговиот договор, Пачука ќе ги задржи останатите 20%, за да се изгребат уште за некое евро од евентуалната продажба на Лозано од Селта во друг клуб.

Се очекува дека младиот мексиканец ќе настапи во репрезентацијата на Мексико на Купот на Конфедерации во Русија и после тоа натпреварување официјално се преселува во Шпанија.