Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров: Македонското здравство е едно од најдобрите во регионот, горди сме но, треба уште да се работи

Тодоров: Македонското здравство е едно од најдобрите во регионот, горди сме но, треба уште да се работи

Јавното здравство во Македонија е сериозно напреднато и ако се спореди со здравството на околните земји и ако за тоа се користат јавно достапни податоци од релевантни рангирања ќе се види дека македонското здравство е едно од најдобро рангираните здравствени системи во регионот, оцени вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров за македонското здравство.

– Тоа не треба да не запре да разговараме за проблемите и да се трудиме сите проблеми кои ги има македонското здравство да се решаваат, истакна Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по свечениот собир што по повод Светскиот ден на здравјето го организираше Македонското лекарско друштво.

Тодоров говореше и за високиот степен на смртност кај новороденчиња за што е потребно уште многу да се работи не само на подобрување на медицината, туку и на кревање на свеста кај самите родилки почесто да одат на прегледи и да ја следат бременоста. Исто така подобрувања мора да има и во третманот на малигните заболувања.