Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТодоров и Попоски нови вицепремиери на Владата

Тодоров и Попоски нови вицепремиери на Владата

Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски се именувани за заменици претседатели на Владата на Република Македонија.

Ваквата одлука, според информациите на дел од медиумите, била донесена на владината седница што се одржа во петокот минатата недела.

Инаку, назначувањето на Тодоров и  Попоски доаѓа по оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој ја извршуваше и функцијата вицепремиер.

Сега македонската Влада има петмина вицепремиери и тоа Тодоров и Попоски, вицепремиерот Владимир Пешевски задолжен за економски прашања, Фестим Халили, вицепремиер за Рамковен договор и Арбер Адеми, вицепремиер за европски прашања.