Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТМРО: Давањето на „Јасен“на Села е сериозен удар за безбедноста на државата

ТМРО: Давањето на „Јасен“на Села е сериозен удар за безбедноста на државата

Доделувањето на управување на резерватот „Јасен” во рацете на партијата на Зијадин Села е сериозен удар на безбедносните капацитети на македонската држава, оценува ТМРО во денешното соопштение.

„Со оглед на значењето на “Јасен” како стратешка воена зона, сметаме дека станува збор за очигледно испорачана фактура за поддршката на парламентарното мнозинство“, се вели во соопштението.

За ТМРО, давањето на директорување на еден од трите државни најважни безбедносни објекти на политички субјект кој отворено се залага за уривање на унитарниот карактер на државата, не е само политички превид, туку намерна грешка, чии последици допрва ќе се почувствуваат.