Tuesday, Dec 12, 2017
HomeАНТИСТРЕСЖурки„The toy dolls“ главни ѕвезди на „Д Фестивал“

„The toy dolls“ главни ѕвезди на „Д Фестивал“

Британскиот панк-рок бенд ќе настапи на главната бина на „Д фестивал“ во Дојран и со тоа ќе одбележи 36 години кариера. По повеќе од три децении активно постоење на музичката сцена, дури 12 студиски албуми и огромен број басисти и тапанари кои протатнија низ бендот, со „Тој долс“ на „Д фестивал“ може да се очекува уникатен сценски настап спакуван со синхронизирани скокови и кореографија, вртоглави гитари, заводливи мелодии и многубројните хитови како што се „Dig That Groove Baby“, „Cloughy Is A Bootboy“, „My Girlfriends Dad’s A Vicar“.