Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолициско возило се преврте кај Католичка

Полициско возило се преврте кај Католичка

Според очевидци на настанот, возилото на МВР, кое се движело кон Центар, се судрило со комбето, се свртело за 360 степени, а потоа се превртило. Несреќата се случила во 13 часот денеска, помеѓу товарно возило „ивеко“ со штипски регистарски таблички и возило во сопственост на МВР. Повредено е едно лице од возилото во сопственост на МВР, а истото е пренесено во Ургентниот центар. Нема детали за карактерот на повредите.