Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТелма прогласи 12 новинари за технолошки вишок, Синдикатот чека одговори

Телма прогласи 12 новинари за технолошки вишок, Синдикатот чека одговори

Дванаесет вработени во Телма од  информативната, културната и од забавната редакција, со одлука на раководството, се прогласени за технолошки вишок.

Тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трооците.

Денеска Синдикатот на вработените на Телма очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.